Црвениот крст во соработка со Општина Кисела Вода в петок ќе спроведе крводарителска акција во салата на Советот на Општината, од 11 до 15 часот .
Општина Кисела Вода ги повикува сите хумани граѓани, кои се во можност, да се приклучат на акцијата и преку дарувањето крв да спасат нечиј живот.