Ученици од 30 и повеќе основни училишта од Скопје и од околината денеска ќе учествуваат на седмата „Ролер трка“. Годинава мотото на манифестацијата е „Возиме кон иднината“.
Стартот ќе биде на пладне на булеварот „Илинден“, од пред фонтаната „Лотосов цвет“ се до крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“, кај ЈП „Паркови и зеленило“.
Организатори на трката се Град Скопје и Детскиот културен центар „Карпош“ кои сакаат да ги анимираат најмладите да ги засакаат ролерите и да се дружат. Ќе бидат доделени по три награди за најуспешните учесници во женската и во машката трка.
Минатата година на оваа манифестација учествуваа повеќе од 700 ученици.