Фестивалот со улични изведувачи „Баскерфест“ 2018 ќе се одржи од 12-17 јуни на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје.
Над 30 улични артисти од разни краеви на светот во театарот под отворено небо шест дена ќе ги забавуваат и анимираат жителите на Скопје.
Оваа година, на програмата на најголемото улично шоу ќе има индиски спектакл, циркус, жонглери, акробати, магионичари, музичари, танчери, како и едукативни работилници за деца, пулт за едукација и помош за бездомните животни и уште многу забавни содржини за сите посетители.