Во Дебар маало во Скопје од понеделник почнува реконструкција на три сервисни улици.
Денес се вршат подготвителните работи, за веќе од понеделник да започнат градежните зафати на „Дебарска“, „Црвена Вода“ и „Партизанска“.
На улицата „Дебарца“ ќе се реконструира коловозот на површина од 1.500 метри квадратни и ќе се постават нови рабници на тротоарите, во должина од 450 метри. Улицата „Црвена Вода“ ќе добие нов коловоз на површина од 650 метри квадратни и нови рабници од двете страни на улицата, во должина од 400 метри, а реконструиран коловоз ќе добие и улицата „Партизанска“, на површина од 1.300 метри квадратни, со нови рабници од двете страни, во должина од 500 метри квадратни.
-Со овие три реконструкции на жителите им овозможуваме одвивање на сообраќајот по нов коловоз, истовремено водејќи сметка и за добросостојбата на пешаците и велосипедистите. Со реконструкциите ќе продолжиме и во идниот период, со цел создавање на безбедна и функционална сообраќајна мрежа на територијата на цела општина-изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.