Зоо-негувателот Ристе Трајковски, познат по љубовта и негата што им ги посветуваше на жирафите во скопската зоолошка градина, почина на 44-годишна возраст.
– Штом ќе дојдам на работа влегувам кај нив за да проверам дали е сѐ под контрола. Потоа се подготвувам за сите задачи што ги носи новиот ден. Прво им ги средувам надворешните живеалишта, хранилките им ги полнам со сено, им ги отворам вратите да излезат надвор. Потоа на ред се внатрешните живеалишта. Откако ќе ги завршам сите обврски, се посветувам на факултативни задачи, односно дружење со моите миленици. И така дури се освестам летнал денот – кажа своевремено Трајковски во разговор за „Нова Македонија“.
Ристе Трајковски седум години е во љубов со жирафите
За неговата приказна и поврзаноста со жирафите пишуваше и британски „Дејли стар“.
„Дејли стар“ објави прилог за зачудувачката врска на Ристе Трајковски со жирафите
Тажната вест брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што од Трајковски се збогуваат неговите блиски, пријатели и почитувачи.