Четири автомобили од кои во еден се наоѓаат и деца се блокирани, a уште 15 лица се заглавени во едно комбе и други автомобили кај стоковната куќа Мост, по невремето што попладнево го зафати Скопје. На двете локации моментално се наоѓаат и припадници на противпожарната бригада.
Од службата за итна медицинска помош за МИА велат дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозно повредени.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку бројот за итни случаи 112 ги префрлува повиците за итни случаи за помош за граѓаните погодени од невремето до надлежните институции и служби од Град Скопје и општините од скопско.
-Прво се помага на загрозените и тоа по прироритет што го имаат како стандардна операивна процедура професионалците од ангажираните институции и служби од системот за управување со кризи, а потоа и ќе се сумираат штетите. Има информации од скопско за поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, паднати кровови од згради, паднати билборди, многу искршени дрвја коишто паднале и врз автомобили и слични случаи предизвикани од невремето… – информираат од ЦУК.
Поплавени улици, куќи, урнати кровови, потопени возила од невремето во Скопје
Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје известува дека при невремето што го зафати поширокото подрачје на Скопје, пропратено со силен ветер и обилен дожд, а и град со големина на лешник на места, пристигаат пријави од разни локации на градот.
-Дојавите од страна на Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје на најбрз начин се пренесуваат до надлежните служби на нивна понатамошна реализација во рамките на своите можности, а и според прироитет да се помогне прво на загрозените луѓе. На пример, граѓанин, од ул. „Киро Крстевски“ бр. 3 – пријави дека кровот од зградата на пет спрата е „летнат“ и дека на неговите родители им врне дожд директно во станот. За ова се веќе известени надлежните од Општина Кисела Вода и БППЗ.
Под подвозникот кај хотел Континентл имало заглавено 4 автомобили, а во едниот имало неколку дечиња. Под Куќа Мост има многу вода и заглавени се неколку автомобили и едно кобе, вкупно петнаесетинаетина луѓе. На нив им се помага од страна на службите според приоритет – велат од ЦУК.
Инаку, по невремето кое го зафати Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје. Ова го соопштија од Град Скопје.
д ЦУК информираат дека освен Скопје, од невреме попладнево се зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе.
УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.