Фото: Архива

Поради официјална посета на претседателот на владата на Албанија, Еди Рама, денеска во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, извести МВР.

„Имено, за сообраќај ќе бидат затворени следните сообраќајници: булеварот Александар Македонски, улицата Беласица, булеварот Гоце Делчев, булеварот Климент Охридски, улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, дел од улицата Франклин Рузвелт и улицата Орце Николов“, соопшти МВР.

Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.