Приватните автобуски превозници на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ веќе втор ден протестираат со блокади на три важни сообраќајни точки во Скопје, додека очекуваат решение за нивните барања.

Автобусите се паркирани на крстосниците кај Мавровка, Црвен Крст и на Илинденска кај потегот од фонтана до СЦ „Борис Трајковски“, а се очекува ваквата состојба да продолжи додека трае блокадата.

Граѓаните се принудени да најдат алтернативи во сообраќајот, но поради зголемениот метеж низ алтернативните улици и булевари, има застој во поголемиот дел од сообраќајниците. Многумина затоа одбраа да се пробиваат низ градот со велосипеди, тротинети, или движејќи се пеш кон своите дестинации.
Фото: Маја Јаневска-Илиева