Приватните автобуски превозници попладнево за МИА информираа дека нивните автобуси засега остануваат паркирани на булеварот „Илинден“ пред Градот Скопје.
– Секој што сака да го донесе своето дете или внуче, да ги разгледаат автобусите внатрешно, да седнат на возачкото столче, да свирнат со сирените на автобусите, да го држат воланот во рацете, да се почувствува како возач на автобус… повелете добредојдени сте, а сето ова ќе биде надгледувано од лице задолжено за надзор во Ваше присуство ‘ велат за МИА од здружението на приватни превозници „Слобода превоз“.
Приватните превозници порачуваат дека се наоѓаат на посочената локација 24 часа, а најидеално време на посетата е од 9 до 17 часот.