Приватните превозници соопштија дека бараат да им се исплатат парите за извршениот превоз во изминатите месеци за да можат и понатаму да ја вршат услугата кон граѓаните.
До петок, како што велат, ќе возат само до 10 часот изутрина како предупредување кон градските власти, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму.
Тие се пожалија дека пари не им се исплатени од јануари кога зеле само дел од средствата што им се должат, па во изминатите месеци услугите ги вршат со сопствени средства и со задолжување.
Скопјани речиси две години се жалат од јавниот превоз, бидејќи автобусите се нередовни, а кога доаѓаат се преполни со патници. Приватните превозници штрајкуваа половина година, од декември 2022-та, до мај лани поради долг од еден и пол милион евра.