Од почетокот на месецот, скопјани плаќаат поевтино зонско паркирање.
Од први март, со нов ценовник се намалени услугите на јавното претпријатие „Градски паркинг“, за отворените јавни паркиралишта во градот.
– Со оваа одлука за измена на ценовникот на услуги на јавното претпријатие „Градски паркинг“, намалувањето се однесува на паркирање за еден час во зоните, и тоа во зоната А0 паркирањето од 100 денари се намалува на 75 денари, во зоната А од 50 денари се намалува на 40 денари, во зоната Б од 40 се намалува на 30 денари, во зоните Ц и Д се намалува на 25 денари – информираат градските власти.
Ваквата одлука за поевтинување на паркирањето во Скопје влезе во сила на 24 февруари, со добивањето согласност од Советот на Град Скопје, односно по изгласувањето на претходно донесената одлука на седница на Управниот одбор на ЈП „Градски паркинг“ за намалување на цените за зонско паркирање во градот.