Се известуваат граѓаните и правните лица на општина Петровец дека
Градоначалникот на општина Петровец донесе oдлука за организирање на
јавна расправа по нацрт-извештај за стратегиска оцена на влијанието врз
животната средина по УПВНМ Катланово за намена А4-времено сместување на
дел од КП 91/1, КО Катланово, општина Петровец.
Јавната расправа по Нацрт-Извештај за стратегиска оцена на влијанието врз
животната средина по УПВНМ Катланово за намена А4-времено сместување на
дел од КП 91/1, КО Катланово, општина Петровец ќе биде ставен на увид на
веб-страницата на општина Петровец во период од 30 дена – од 16 мај до 16 јуни годинава. А во тој период може да се направи увид и во просториите на општина Петровец, на ул. 1 бб, секој работен ден од 8 до 16 часот.
Јавната расправа со стручно презентирање по Извештајот за стратегиска оцена на животна средина ќе се одржи во просториите на општина Петровец на 20 мај со почеток во 12 часот.
Општина Петровец ги информира заинтересираните граѓани и правни лица
дека во периодот од 16 мај до 16 јуни годинава можат да достават забелешки, предлози и мислења за споменатиот документ по електронски пат на мејл-адреса [email protected], по пошта или преку архивата на општина Петровец.