Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на Град Скопје продолжуваат со реконструкција на клупите во градското зеленило. На потег од Железниот мост до мостот на хотелот „Александар Палас“ се бојадисуваат и се поправаат клупите од десната страна на кејот на реката Вардар, додека во Градскиот парк во тек се реконструкцијата и поставувањето клупи покрај новоасфалтираните пешачки патеки.
Истовремено, екипите продолжуваат со уредување на вегетацијата на коритото на кејот, по десното и левото течение на реката Вардар.