Град Скопје објави јавен повик за поддршка на проекти и програмски активности на организации што работат во областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2022 година.
Во рамките на овој повик, проектите што ќе бидат поддржани од страна на Град Скопје треба да се однесуваат на приоритетите дефинирани во Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во градот Скопје за 2022 година, и тоа остварување социјална заштита на лица со попреченост; остварување социјална заштита на лица што употребуваат дроги, општествено вклучување и социјални услуги за ранливите категории граѓани, еднакви можности за жените и мажите, недискриминација, поттикнување и развој на лични и општествени вредности и унапредување на здравствената заштита.
Јавниот повик, пријавата за финансиска поддршка на организациите, како и
образецот за предлог-проект се достапни на интернет-страницата на Град Скопје, а крајниот рок за поднесување на пријавите е 23.2.2022 година, до 15 часот.