Редуциран е бројот на автобуси на ЈСП во Скопје поради штрајк на еден од синдикатите во јавното претпријатие.
Вчера, членови на синдикалната организација „Спајс“ најавија дека ќе протестираат утрово од 4.30 до 12.30 часот. Барањата на синдикатот поради кои се одлучиле за штрајк е усогласување на минималната плата со колективниот договор, неисплата на прекувремени часови, ниту хранарина на работниците во ноќната смена.
„Спајс“ за штрајкот нема поддршка од другите синдикати во ЈСП, од каде што велат дека ќе има автобуси на улиците во главниот град.