Во врска со веста објавена на неколку интернет портали за наводен пожар во магацин во кругот на „Макстил“, се информира јавноста дека пожарот не се случил во објектите на „Макстил“ и дека компанијата нема никаква поврзаност со настанот – велет од „Макстил“.
Пожарот се случил во друга компанија која се занимава со преработка на дрво, и која се наоѓа во поширокото индустриско подрачје на Железара, но не е дел од „Макстил“ ниту од неговите капацитети.
Сите производствени и магацински капацитети на „Макстил“ функционираат редовно и безбедно, без никакви инциденти, информираат од компанијата во соопштенето.



































