Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели пофалници и вкупно 105.000 денари на осум првенци на генерацијата од основните училишта во општината Центар. Станува збор за основци што во текот на целата учебна година покажале континуиран одличен успех, учествувале на натпревари и посетувале вонучилишни активности.
– Oва е личен успех за вас и големо задоволство за вашите родители, ова е успех и за вашите наставници, училиште и за сите нас како општина. Ви посакувам да продолжите да бидете најдобри и да се изградите во успешни лидери и професионални личности. Горд сум на вашиот успех. На општината и државата ѝ требаат квалитетни млади луѓе, кои тука ќе вложуваат и искрено се надевам дека за десетина години вие ќе бидете тие – изјави Герасимовски.