Фото: Нова Македонија

Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат непречено и покрај раскинатиот договор со приватниот превозник „Макекспрес“, кој во изминативе години ги опслужуваше посочените линии.

Возниот ред, трасите и постојките на линиите остануваат исти, единствено наместо возила на приватниот превозник, петте линии ќе ги опслужуваат возила и возачи на ЈСП Скопје, велат од оваа институција.

– Договорот со приватниот превозник „Макекспрес“ се раскина поради непочитување на обврските од договорот со кој беа уредени условите за начинот на јавен превоз. ЈСП Скопје и Град Скопје во ниту еден момент нема да дозволат корисниците на јавниот превоз да останат без услугата, независно од сите околности – се потенцира во нивното соопштение.