Казната на пајак-службата на „Паркинзи Општина Центар“ од утре ќе поскапи за илјада денари, информираа од ПОЦ.
– Поскапени се горивото, сервисот и деловите за возилата. Наместо 2.500 денари, ако за погрешно паркирање интервенира пајак-службата казната, сега ќе биде 3.500 денари – соопштија од ПОЦ, додавајќи дека бројот на непрописно паркирани возила низ градот е зголемен, а цените за пајак-службата не се сменети во изминатите 10 години.
Воведени се и нови цени за зонските паркиралишта, при што направена е промена на зоните со која паркирањето во „Буњаковец“ сега се зголемува од 60 на 70 денари за час.