Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје соопшти дека утре, поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација (кои ќе работат од 8 до 14 часот) на Транспортен центар, Ѓорче Петров и на Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17.30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.