Фото: Орце Ѓорѓиевски / Фејсбук

Изминатава недела се работи со засилено темпо на точки кои со години беа закочени, а дел од нив останаа само лажно ветување, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Како што објави Ѓорѓиевски на својот фејсбук-профил, Скопје добива нов лик.

– На клучката кај „Момин Поток“ се работи со полна пареа. На „Љубљанска“, од огромно значење за жителите на Карпош, динамиката е јасно видлива. Паралелно, напредуваат и градежните работи на „Перо Наков“ во Гази Баба, клучна сообраќајна артерија по која секојдневно поминуваат илјадници граѓани. Ова е само почетокот на сериозна, одговорна и посветена трансформација. Скопјани заслужуваат град со визија, ред и достоинство – стои во објавата на градоначалникот на Град Скопје.