Градот Скопје од следната година ќе биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации – „Eгзит“ (EXIT).
Веста ја потврди основачот на фестивалот, Душан Ковачевиќ, по средбата со градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
– Убеден сум дека бренд како „Егзит“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија, ставајќи го градот на мапата на топ дестинации за огромен број туристи. Нашите граѓани го заслужуваат најдоброто – изјави Ѓорѓиевски.
Со ова Скопје ќе стане дел од семејството на големи европски градови каде „Eгзит“ се одржува, што се очекува да донесе силен културен и туристички импулс.




