Фото: Маја Јаневска Илиева

Стотици учесници облечени во костими на Дедо Мраз денеска трчаа низ Скопје, на 10. по ред традиционална Дедомразовска трка. Патеката која што беше предвидена за трката беше долга два километри.

По трката, организаторите на најбрзите декомразовци им доделија награди, а имаше и забавен дел со музичка програма, лотарија со новогодишни желби, како и новогодишни пакетчиња за децата под 10 години.