Дваесетина возила попладнево продефилираа низ скопските улици, во рамки на петтото едноподруго новогодишно дефиле на олдтајмери.
Учество земаа сопственици на ретро-автомобили од Скопје, Куманово и од Велес.
Најстари меѓу изложените возила беа две „Фолксваген буби“ произведени во 1967 година.
Автомобилите, накитени во духот на претстојните новогодишни празници, го привлекоа вниманието на бројни посетители.