Помошник-директорот за топлинска енергија во АД ЕСМ, Александра Маројевиќ, во изјава за медиумите соопшти дека АД ЕСМ почна со воведување нови начини за олеснување на процесот на префрлање на потрошувачите на топлинска енергија во градот Скопје од претходниот снабдувач на новиот снабдувач ЕСМ Снабдување со топлина.
Во изминатата недела потрошувачите склучуваа договори само преку директно пристапување кон пунктовите каде документите се пополнуваа и потпишуваа.
Од денеска, Договорот е поставен на интернет страницата на АД ЕСМ, потрошувачите ќе можат да го симнат, да го испечатат и да го пополнат – ЛИНК до договорот.
Два пополнети примероци од договорот потрошувачот треба ќе однесе во еден од пунктовите, со приложување на увид документ за лична идентификација и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач.
Од ЕСМ Снабдување со топлина велат дека доколку потрошувачот нема одредени податоци кои се бараат во договорот и не ги внел, како број на имотен лист итн., тие податоци ќе му бидат внесени од службениците на шалтер, кои имаат електронски пристап до катастар и ќе проверат на лице место, значи граѓаните нема потреба да одат да вадат други документи за да пополнат во договорот.
На шалтер ќе го потпишат договорот и со тоа постапката е завршена.
-Договорот треба да го поднесе лично потрошувачот на чие име се води сопственоста на станбениот простор во објектот. Доколку сопственикот на имотот не е присутен во државата и затоа не е во можност лично да дојде во наплатниот пункт, засега може да ополномошти друго лице, кое во негово име ќе го потпише потребниот договор.
Тековно ќе се изнаоѓаат решенија и за други корисници, кои од лични, здравствени причини, возраст итн. не можат да ги напуштат своите домови, и на овие наши граѓани ќе им излезеme во пресрет и ќе им овозможимe Договорот да го склучат во нивниот дом. Доколку е настаната статусна промена на сопственост (купопродажба, решение за наследување и сл.) новиот потрошувач потребно е да приложи на увид документ за идентификација, како и документ со кој се докажува сопственоста на станот, или објектот, како што е имотен лист, купопродажен договор или решение за наследување – вели Маројевиќ.
ЛИНК до упатствата.
Таа објаснува дека додека тече префрлувањето на граѓаните од еден на друг снабдувач, греењето непрекинато ќе се испорачува и во ниеден момент испораката нема да биде загрозена, и граѓаните треба да бидат спокојни, парно ќе имаат сите.
За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, ги повикуваме потрошувачите да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.