Деловите од општините Студеничани, Центар, Гази Баба и Ѓорче Петров утре ќе останат без струја поради техничките зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, без електрична енергија од 9:00 до 15:00 часот ќе останат дел од селото Батинци, улици 1, 4 и 7, во Студеничани. Од 9:00 до 12:00 часот дел од улиците „Вардарска“ и „Охридска“ во Центар. Од 9:00 до 14:00 часот семафорите кај АД „Пивара“ на улица „Романија“ во Гази Баба и од 8:30 до 15:00 часот дел од селата Орман, Никиштани, Волково, како и асфалите бази Гранит и Дарс во Ѓорче Петров.