Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од општина Чаир и Сарај.
Во периодот од 08:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. „Цветан Димов“ т.е. фурните „Сибил“, „Чаир“ и „Бродвеј“, ќебапчилниците „Пчела“ и „Банфико“ и останатите дуќани во близина во општина Чаир, и во периодот од 09:00 до 11:00 часот корисниците од дел од село Бојане и основното училиште во селото во општина Сарај.