Се почнаа активностите за реконструкција на повеќе улици во општината Аеродром. Од општината Аеродром информираат дека од вчера е започната реконструкција на улиците Илија Димовски во населбата Лисиче и неколку краци на улиците на булеварот Трета македонска бригада, во непосредната близина на средното училиште „Димитар Влахов“.
Во населбата Лисиче, со реконструкција на улицата Илија Димовски, се решава долгогодишниот проблем на жителите на овој дел од населбата, кои се соочуваат со насобрана вода по секој пообилен дожд. Од општината додаваат дека таа продолжува со активностите за подобрување на инфраструктурата и олеснување на секојдневното функционирање на жителите.
– Продолжуваме со активностите за подобрување на инфраструктурата и олеснување на секојдневното функционирање на жителите – вели градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, на својата фејсбук-страница.