Првачињата во ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, денеска имаа свечен час во училишниот двор, на кој присуствуваше и градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски.
Децата добија и тетратки за почетно пишување, а учителката им најави дека од утре ќе почнат да ги користат во наставата.
Новата учебна година денеска почна со физичка настава во основните и во средните училишта во Македонија.