„Без изговори“ е новата кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата која во декември и јануари ќе се спроведе во Скопје, Охрид, Гостивар, Прилеп, Битола, Кавадарци, Штип и Гевгелија. Кампањата посочува на најчестите изговори што учесниците во сообраќајот ги користат за да го оправдаат непочитувањето на правилата.
Целта на активностите од кампањата која првично беше претставена преку билборди поставени на фреквентни места, е да влијае врз учесниците во сообраќајот преку директна комуникација и едукација со учесниците во сообраќајот и проверка на изговорите што тие ги користат за да го оправдаат непочитувањето на правилата кога се во сообраќај.
Според РСБСП, големиот број на незгоди, повредени и загинати укажуваат на тоа дека на учесниците во сообраќајот им е неопходна дополнителна едукација за опасностите во сообраќајот и неопходноста од почитување на правилата за сите. Добар показател за ефектот што го имаат континуираните заложби за покревање на свесноста е намалувањето на сообраќајни незгоди со фатални последици за 10 проценти споредено со минатата година.