Краток беше векот на скулптурата на монета од едно евро поставена во центарот на Скопје. Неполни 24 часа од нејзиното поставување од страна на граѓанската акција „Зачекори напред, изборот е твој“ скулптурата е сериозно оштетена и веќе ја загуби својата функција, бидејќи минувачите не можат да добијат потполна претстава за што се работи.
Првобитно, како што беше најавено, таа претставувала поддршка на напорите за приближување на Македонија и нејзините граѓани кон ЕУ како насока за која нема замена.