Општината Аеродром изминативе денови реализира акција за засадување нови дрвја на кружниот тек во Стар Аеродром, како и во дворовите на основното училиште „Браќа Миладиновци“ и на детската градинка „Сонце“. Со оваа акција беа засадени околу 800 садници. Повеќето од нив се дрвја од видовите даб, липа, јавори, но истовремено беа засадени јуниперуси и леланди. Набавени се над 1.800 садници, за што од буџетот на општината се издвоени 8 милиони денари.
Реализираната акцијата е само дел од веќе започнатите активности во општината Аеродром за обновувањето на зеленилото на нејзината територија. Една таква поголема акција беше спроведена есента, а беа засадени повеќе видови високостеблести дрвја на различни локации на целата територија.
Од општината велат дека остануваат посветени на раззеленувањето на просторот, како долгорочна мерка за зачувување на здравата животна средина.