Оваа пролет, морскиот лав Кан покрај своите негуватели од скопската зоолошка градина, ќе има и нова пријателка. Морската лавица ќе пристигне од Нинберг, а моментално се прават подготовки и за реновирање на живеалиштето со цел да имаат идеални услови за заеднички живот, вели директорот на Зоолошката градина – Скопје, Ѓорѓи Галетановски.
Во финална фаза е и новиот дом на шипанзото Коко, које во Скопје пристигнува со уште три шимпанза со кои бил неразделен во Холандија. Живеалиштето за шимпанза е по светски стандарди, а зоо негувателите кои ќе се грижат за нив поминуваат и обуки во Холандија. Во мај и јуни треба да пристигнат и многу други животни.
– Сакаме оваа година да влеземе во Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми. Мај и јуни ќе бидат месеците во кои зоолошката ќе ги добие животните кои и недостасуваат. Зебри, лавови, еланд антилопи, белоносести коати и нови птици. Паралено започнавме и со изградбата на објектот за фламинга и пингивини и со реновирање на други живеалишта како базенот на Кан. Ветивме европска зоолошка градина, тоа и ќе го направиме – изјави директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски.