Во согласност со издадените мерки и препораки од Владата, Град Скопје ги известува граѓаните дека, почнувајќи од утре, во наредните 14 дена нема да се врши прием на странки во Секторот за финансиски прашања – одделение за даноци (барака број 15) за консултации во предвидените приемни денови (вторник и петок).
Како што се наведува, шалтерите во барака број 16 редовно ќе ги извршуваат своите работни дејности за прием и издавање документи.