Делегат на фудбалскиот натпревар меѓу скопските екипи ФК „Кул здравје“ и ФК „Илинден“ кој се играл на игралиштето кај „Цементара“ вчера попладне, во полиција пријавил дека во 35-тата минута од натпреварот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу играчите на двете екипи, по што натпреварот бил прекинат, информираат од МВР.
Притоа на тројца играчи од гостинската екипа, еден од населбата Бутел и двајца од Илинден, им била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.