Податоците за загадувањето на воздухот од мониторинг-станицата во Гази Баба во текот на изминатите пет часа биле невалидни поради замена на потрошен дел.
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека поради технички зафат врз инструментот за мерење на суспендирани честички со големина до 10 микрометри од станицата во Гази Баба, податоците од 6 до 11 часот се невалидни.
Од Министерството велат дека податоците не се одраз на извршени мерења, туку на соодветен код од инструментот кога истиот има недостаток.
– Извршена е замена на потрошниот материјал, односно филтер во облик на лента, и грешката во инструментот е отстранета. Инструментот е пуштен во работен режим, додека податоците од наредните извршени мерења на концентрацијата на ПМ 10 ќе бидат достапни од 13 часот – велат од Министерството.