Поради отстранување на дефект корисниците од неколку улици во Центар ќе останат без вода, извести ЈП Водовод и канализација – Скопје.
– Како разултат на планирани работни активности за отстранување на дефект на затворачи од Ф-300 мм на бул. Св.Кирил и Методиј (до мисијата на ЕУ) во населба Центар, на ден 9 мај (недела) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на следните улици: дел од ул.Мајка Тереза, дел од ул. Шарски Одреди, дел од бул. Св.Кирил и Методиј, дел од ул.Даме Груев, дел од ул.Димитрија Чуповски и дел од бул. Св.Климент Охридски – се наведува во известувањето.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8.30 часот до завршување со активностите.