Во Скопје вчера беа засадени 50 каталпа дрвја за позеленување на Скопје. Дрвјата се донација на Европската банка за обнова и развој, Европската Унија (ЕУ), Австрија и локалните партнерски банки: Шпаркасе банка, НЛБ банка, ПроКредит банка и Комерцијална банка, како дел од Програмата за финансирање на зелената економија на Западен Балкан (Western Balkans Green Economy Financing Facility – ГЕФФ), која ги поддржува домаќинствата за инвестиции во подобрувања на енергетската ефикасност.

ЕБОР, ЕУ, Австрија и локалните партнерски банки донираат дрва за да ги обележат резултатите од ГЕФФ Програмата во Северна Македонија-Програмата за енергетска ефикасност на ЕБОР, до сега поддржа 2.500 домаќинства во Северна Македонија
Домаќинствата добија грант од ЕУ, до 20% од износот на кредитот.

– Во изминатите четири години Шпаркасе Банкa беше еден од активните промотери на Западен Балкан ГЕФФ програмата и заедно со поранешна Охридска банка, реализираа вкупни пласмани од ЕУР 15 милиони. Преку нашата продажна мрежа работевме интензивно за поголема директна промоција на програмата, што придонесе за поголема едукација и свесноста кај граѓаните за примена на енергетско-ефикасни материјали при реновирање или изградба на нивните домови – изјави Нина Неданоска, Член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.