Градот Скопје информира дека почнувајќи од утре, 9 октомври, по 18 часот, ќе почне гребење на асфалтниот слој на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец.
Поради тоа, делови од оваа улица ќе бидат целосно затворени за сообраќај, а возилата ќе се пренасочуваат по околната патна мрежа.
Градот Скопје апелира до сите ученици во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ги користат околните улици.