Корисниците од улицата „Ѓорѓи Сугаре“ број 16 во Општина Кисела Вода утре од 8.30 до 9.30 часот ќе останат без струја.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, од 8.30 до 10.30 часот без струја ќе останат и корисниците од улицата „519“ во населба Керамидница во Општина Гази Баба.
Во период од 8.30 до 13.30 часот ќе биде објектот на маркет Тинекс на булеварот „Борис Трајковски“ во Општина Кисела Вода.
Од 8.45 до 10.30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка, дел од корисниците од село Сарај, како и објектите на Бис Оил, Адриус и Ти Амо во Општина Сарај, а од 9.00 до 15.00 часот, ќе бидат корисниците од населба Стопански Двор лоцирани во околината на поранешна ЗЗ Прогрес во Општина Ѓорче Петров.