Општина Чаир со помош на донација комплетно го реновира основното училиште „Јашар Беј Шкупи“ во истоимената населба. Во објектот на ова училиште ќе се обноват ѕидовите, подовите, санитарните јазли и надворешната фасада.
Исто така, надлежните планираат ова училиште комплетно да го опремат со нов инвентар и ќе го обноват и системот за греење на 26 училници, со што учениците ќе добијат поквалитетно загревање на часовите во зимскиот период.
– Продолжува нашиот ангажман за уредување на инфраструктурата на основните училишта и овој пат со нашиот донатор имаме создадено одличен партнерски однос, и сме му многу благодарни што ќе се реновира целокупниот простор на ОУ „Јашар Беј Шкупи“ во Чаир – истакнуваат од Општина Чаир.
Надлежните од Чаир велат дека остануваат посветени на инвестициите во образованието, како најдобра инвестиција што може да се врати во едно општество. Освен во создавањето услови со повисоки стандарди, ќе се вклучат и во подигнување на квалитетот на образованието во државата.