Јавното претпријатие „Паркинзи на општината Центар“ и општината Центар, во соработка со сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 263 непрописно паркирани возачи. Според информациите од општината Центар, во периодот од 9 до 12 декември 2019 година, со помош на специјалните пајак-возила на ЈП ПОЦ биле отстранети 151 непрописно паркирано возило, а биле казнети 112 возачи што биле затекнати во резидентни зони, а не биле резиденти каде што биле паркирани.
Надлежните информираат дека ќе продолжат да ги отстрануваат сите возила што го попречуваат нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Во соработка со ЈП ПОЦ континуирано ќе реализираат вакви акции за да се доведат ред во сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на паркиралиштата и улиците на територијата на општината Центар.