По одлуката на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката (АДСДП), паркингот „Центар“ кај хотелот „Холидеј ин“ да претане со работа, денеска паркирањето на овој паркинг е бесплатно.
Додека да се расчисти новонастанатата состојба со враќање на најголем дел од просторот на повеќе сопственици и продажба на приватен инвеститор, граѓаните ја користат можноста за слободен паркинг, заобиколувајќи ги катните гаражи.
На паркингот во моментов не може да се најде слободно место поради огромната гужва од автомобили.