Од скопската општина Центар информираат дека ќе почне да се користи нов простор адаптиран за привремен престој на децата со церебрална парализа. Во овој нов привремен објект ќе се преселат 40 деца од Центарот за деца со церебрална парализа и истиот тој се наоѓа до основното општинско училиште „11 Октомври“. Причината за преселбата на центарот е поради изградбата на новото училиште во населеното место Капиштец, но и подобрување на условите за децата, кои претходно не беа на потребното ниво.
Со површина од 250 квадратни метри, новата локација е целосно адаптирана за престој на лица со церебрална парализа, односно постои рампа за пристап до улицата и сите елементи за престој, рекреација и забава се во согласност со стандардите за пристапност, движење и опслужување на лицата што се движат со помагала со соодветно приспособени тоалети, велат од општина Центар. Општината Центар ќе го му предаде објектот на Министерството за труд и социјална политика за преселба на опремата, која им нуди физиотерапевтска и дефектолошка поддршка по сите принципи и стандардни. Овој објект се очекува да работи сè до изградбата на новото општинско училиште „Капиштец“, во кое лицата со церебрална парализа ќе имаат 300 квадратни метри простор и најсовремени услови за работа и престој.