Привремено се затвора автобуската постојка во ГТЦ поради манифестацијата „Зборува Скопје“
Скопје, 25 јули 2018 (МИА) – Автобуската постојка во подрумот на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје нема да биде во функција од денеска напладне до утре во утринските часови, соопшти денеска ЈСП Скопје.
Автобусите на линијата „50“ во тој период ќе ја користат автобуската постојка до парк „Жена борец“.
– Привременото затворање на постојката е поради централниот настан во рамки на манифестацијата „Зборува Скопје“ кој ќе се одржи во Графити галеријата во ГТЦ, се вели во соопштението од ЈСП Скопје