Повеќе ученици од четврто одделение од општинското основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода имаа едукативна средба со градоначалникот Филип Темелковски. Средбата е дел од образовниот процес по наставниот предмет Општество, а идејата е децата одблиску да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа.
– На средбата, која се одржа во салата во која се одржуваат седниците на Советот на општината, учениците имаа можност да се запознаат со работењето и менаџирањето на одделните сектори преку кои се подобруваат условите за живеење на жителите, како и со надлежностите и обврските на градоначалникот. Темелковски им ја објасни на учениците и улогата на претседателот на Советот и на општинските советници. На крајот, децата му поставуваа прашања на градоначалникот, на кои ги добија потребните одговори – информираат од Општина Кисела Вода.