Зелената партија ДОМ денеска спроведе трета акција за ослободување на „заробените дрвја“.
Во текот на овие три акции, активистите на ДОМ успеаа да ги ослободат заробените дрва кај Дрводекор на Кејот 13 ноември.
Од зелената партија соопштија дека на акцијата се придружиле и граѓани кои се нашле на местото како случајни минувачи.
Целта на акцијата е да се поттикнат надлежните институции да се интензивира ослободувањето на дрвјата, а советниците на ДОМ од Градот Скопје и општините Кисела Вода и Аеродром веќе поднесоа ваква иницијатива до советите.