Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, денеска го пушти во употреба новиот систем за контрола на пристап на возила со двојни рампи на затвореното паркиралиште „Аутомакедонија“.
Заради секојдневната злоупотреба на досегашниот систем и бројните жалби и поплаки од граѓаните, ЈП ПОЦ го воведе системот со двојни рампи со цел да се постави ред и контрола и да се добие подобра организација на ова паркиралиште.
Во наредниот период ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе воведе и систем за препознавање на регистарски таблички на сите затворени паркиралишта; ќе го редуцира бројот на часови на гостинската карта (М-карта), односно од 8 до 17 часот бројот на часови за најава на гости ќе се ограничи на 2 часа, а по 17 часот ќе биде неограничено; и ќе го ограничи пристапот на комбињата за дотур на стока, односно ќе им овозможи бесплатен пристап од 5 до 7 часот, во спротивно да ја плаќаат редовната цена за паркинг за 1 час. Овие мерки значително ќе помогнат во решавање на проблемот со паркирањето на сите затворени паркиралишта и ќе им овозможат на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните живеалишта.