Денеска во периодот од 9 до 16 часот ќе се одржи меѓународен ридско-брзински натпревар во автомобилизам „Награда на град Скопје – Водно 2019“, организиран од страна на АКК Кастум кар реисинг тим Скопје со старт од улицата Тодор Александров, па до Средно Водно во Скопје.
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по наведената траса, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.