Корисниците од делови од улиците „Корушка“, „Вангел Дину“ и „Иван Цанкар“ во општина Карпош утре од 9:00 до 13:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „4“ во село Долно Коњари, од 9:30 до 12:30 часот корисниците од дел од селото Горна Матка, а од 8:30 до 11:00 часот дел од корисниците од улицата „Малешевска“ во општина Кисела Вода.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.